,,Новите правила за парното според ЕУ регулатива“
За неколку дена Регулаторите ќе ги донесат новите правила за снабдување со топлинска енергија што се подготвуваат врз база на Анализата што ја изработи МАНУ.

Академијата смета дека фиксен надоместок на физички и правни лица, кои што не користат одредена услуга, не може да се регулира со подзаконски акт, туку само со закон.
Марко Бислимоски –претседател на Регулаторна комисија за енергетика
„И греењето треба да биде дефинирано на ист начин како што е и снабдувањето со вода и со електрична енергија.“
Истовремено доколку потрошувачите сакаат да го откажат парното МАНУ и препорачува на Регулаторна примена на европската директива за обновливи извори. Досегашното решение предвидуваше барање согласност од мнозинството станари што Уставниот суд го укина.
Бислимоски најавува носење нови правила за снабдување што ќе бидат од интерес за сите, а пред се за постојните потрошувачи на топлинска енергија, приклучени на топлификацскиот систем.
Марко Бислимоски –претседател на Регулаторна комисија за енергетика
,,Ние ќе воведеме соодветна процедура за да се знае на кој начин граѓаните ќе се исклучат .Притоа ,уште еднаш потенцирам ,граѓаните кои што не добиваат соодветна услуга ,а се приклучени истотака ќе имаат право да се исклучат без да докажуваат дека новиот начин на греење би им дал соодветна енергетска ефикасност ,бидеејќи греењето со топлинска енергија не било соодветно ефикасно кај нив во одреден период.“
Регулаторната комисија е ненадлежна во однос на пресудите на основните и на апелациските судови во однос на оспорувањето на сметките за паушал на исклучените потрошувачи од системот на БЕГ ,вели Бислимоски,најавувајќи дека новите правила при чие подготвување соработувале и со здружението на исклучени потрошувачи ,,Но Пасаран “ , но и со ,,БЕГ“ комисијата ќе ги објави за неколку дена.
Свето Николовски
