ФИНАНСИРАЊЕ

Двојно повисоки субвенции за органско производство

07.03.2019 10:46

Земјоделците кои се занимаваат со органското производство имаат право од 30 до дури 100 проценти поголеми субвенции од другите фармери. Овој вид храна се повеќе се бара и во нашава земја.

Органското производство финансиски се поддржува со 30 проценти повеќе од примарното, а откупувачите, трговците  и извозниците имаат право и на дополнителни 5 проценти од вредноста на продадените производи.

Годинава органските градинари го остваруваат условот за повисока финансиска поддршка за 100, а лозарите и овоштарите дури за 70 проценти.

Дополнително имаат право и на половината од трошоците за сертификатот за органски производи.

По 3.500 денари за хектар им следуваат и за нивите на кои се користи зеленото ѓубриво и за земјиште оставено за следната година за одгледување на друга култура.

Во државава има регистрирани вкупно 3.100 хектари со органско производство и 480 производители.