Јунајтед и Порто поминаа во 1/4 финалето со помош на видеотехнологијата
ВАР им пресуди на ПСЖ и на Рома, Манчестер Јунајтед и Порто се четвртфиналисти. Два пенала во последните минути од двата меча, беа клучни за исходот од двомечите.

Ретко кој очекуваше, по негативата од првиот меч од 0:2, англискиот претставник да слави во двобојот со францускиот. Лукаку ги постигна првите два гола, во 2-та и во 30-та минута, првиот по грешката на одбраната, вториот по грешката на Буфон.
Со голот на Хуан Бернат (12-та минута) домаќинот во осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите се понадева на позитивен исход, но по пеналот што судијата Скомина го досуди по консултацијата со видеотехнологијата и прецизниот удар на Рашфорд во 94-та минута, немаше време за ништо повеќе.
Јунајтед е првата екипа што успеала да надополни 0:2 негатива од првиот натпревар, се пласира во четвртфиналето прв пат по 5 години, има победа на само 2 од последните 11 нок-аут натпревари, екипата го изедначи клупскиот рекорд од 56-та и 57-та кога генерацијата на Мат Безби постигнуваше голови на 21 последователен гостински натпревар.
Португалците се крстат во голот постигнат во Рим, кој што во ситуација на доминација на Рома на тој меч, им донесе поволен резултат и во реваншот.
Соарес го отвори резултатот во 26-та минута, изедначи Де Роси од пенал во 37-та, гол за продолжение постигна Марега во 52-та минута. Се беше мирно до 117-та минута, кога Телес погоди откако судијата Чакир тргна да гледа на помошниот екран.
Стои впечатокот дека Рома беше оштетена во последните минути од продолженијата, затоа што имаше контакт во 16-кот кој што влијаеше на движењето на напаѓачот на Римската волчица, но судискиот конзилиум на теренот и во ВАР собата, рече – нема пенал!
Манчестер Јунајтед и Порто им се придружијана Ајакс и Тотенхем, во четвртфиналната фаза, за која што следната недела ќе се борат Атлетико Мадрид и Јувентус (2:0), Шалке и Сити (0:2) на 12-ти март, односно Баерн Минхен и Ливерпул и Барселона против Лион на 13-ти, двата први меча од овие соочувања завршија без голови.
Бранко Чупески
