САД

Пол Манафорт осуден на речиси 4 години затвор

08.03.2019 11:13

Некогашниот шеф на кампањата на американскиот претседател Трамп Пол Манафорт е осуден на речиси 4 години затвор поради финансиски измами.... Обвиненијата се резултат на истрагата за наводното мешање на Русија во последната претседателска кампања во САД. Поради судењето за втор случај, му се заканува продолжување на затворската казна.

Поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манофорт е осуден на 47 месеци затвор поради даночни и банкарски измами.

Обвинет е за прикривање на милиони долари приход добиен ПРИ политичко советување во Украина. Деталите беа откриени во рамките на истрагата предводена од специјалниот истражител Роберт Мулер за улогата на Русија во американските претседателски избори во 2016 година на кои победи Трамп. Манафорт е во притвор од јуни, поради што казната ќе му биде намалена за тој деветмесечен период.

Кевин Даунинг - Адвокат на Пол Манафорт

Господин Манафорт конечно проговори за себе. Објасни дека прифаќа одговорност за своето однесување, и најважно од се е што го видовте истото што го зброувавме од првиот ден. Не постои доказ дека Пол Манафорт бил вклучен во каков било таен договор со некој владин претставник од Русија.

Манафорт, кој следниот месец ќе наполни 70 години, беше обвинет во август по пет обвиненија за даночна измама, две за банкарска и едно за тоа што не ја пријавил поседува сметката во странска банка. И натаму постои можност затворската казна да му биде повисока, бидејќи во тек е судење за друг случај за кој е обвинет.

Случајот се водеше во окружниот суд на Александрија, во сојузната држава Вирџинија. Манафорт без да се покае, изјави дека целиот процес бил тежок и за него и за семејството. Обвинителите не побараа конкретна казна затвор, но во процесот укажаа дека во вакви случаи затворската казна треба да трае од 19 до 24 години.