СОВЕТНИЦИ

Се подготвува нов советодавен систем

08.03.2019 11:25

За успешно и конкурентно земјоделство е потребна соодветна и развиена советодавна мрежа порачуваат експертите. Фармерите треба да знаат како квалитено да произведат и да продадат, но велат дека неамат време за весници и за интернет и потребни им се стручни совети. Сегашната советодавна служба не ги задоволува потребите на скоро 170 илјади земјоделски стопанства.

Во Македонија лани биле регистрирани повеќе од 170.000 земјоделски стопанства, односно семејни фарми, а половината од нив користат помалку од три хектари земјоделска површина.

До земјоделците сеуште тешко доаѓаат информациите кои ќе им помогнат да го направат своето произвотство поквалитетно и конкурентно на пазарот.Честото менување на законите и на прописите дополнително ја отежнува работата, а им недостасува и време за следење на информации или користење на интернет.

Во моментов, советодавни услуги обезбедува само Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството. Со нив годишно се покриени не повеќе од 700 земјоделски стопанства што е многу помалку од бројот на земјоделците, корисници на државна поддршка и евидентираните 30 до 40 илјади индивидуални  стопанства кои имаат посериозен развоен капацитет.Со нов закон за советодавни услуги се предвидува да се дефинираат статусот и условите кои треба да ги исполнуваат приватните даватели на советодавни услуги кои ќе треба да имаат и лиценца од министерството за земјоделство.