МЕПСО

МЕПСО ќе инвестира 102 милиона евра до 2022г.

10.03.2019 16:32

Во наредните три години државната МЕПСО ќе инвестира 102 милиона евра за развој на електропреносната мрежа.Според планот што е доставен до Регулаторната комисија за енергетика во периодот до 2029-та се најавени инвестиции од вкупно 150 милони евра.

Најголем дел од средствата, 47 милиони евра ,  ќе бидат насочени за новиот  400 киловолтен  интерконекциски далновод Битола-Елбасан   и поврзувањето со  Албанија  и новата 400 на 110 киловолти трафостаница  во  Охрид .

Климент Наумоски-АД. ,,МЕПСО“-Скопје

,,Започнуваме со интензивна реконструкција на 110 киловолтните далноводи . Првиот пакет од најстарите далноводи  вклучува 6  траси со приближна должина од околу 130 километри .Идентификувана е идеја за зголемување на преносните капацитети на границата со Бугарија, како втора врска, која ќе  овозможи пласирање на енергијата од обновливи извори  кон  остатокот од регионот, кон Западен Балкан и понатаму кон италијанскиот енергетски систем.“

Од Регулаторната комисија за енергетика појаснуваат дека во иднина се очекува се поголем интерес за транзитирање на  купена електрична енергија од источна Европа кон Запад, односно Италија,  каде што има постојан  интерес за увоз на струја од обновливи извори .Регулаторите нагласуваат дека овие инвестиции во електропреносната мрежа нема да влијаат на цената за пренос на енергија.

Марко Бислимоски- претседател на Регулаторна комисија за енергетика

,,Најголем дел од овие инвестиции кои што АД-МЕПСО ќе ги реализира веќе се вкалкулирани во цената   за пренос  на електрична енергија и за 2019 и за 2020-та година.Така што овие нови инвестиции нема да имаат влијание на цената за пренос на електричната енергија во наредниот период.“

Анализите на МЕПСО покажуваат дека потрошувачката на струја во земјава постојано ќе расте,во просек до 3% годишно  и според едно од трите сценарија,  во 2040г.  може да достигне максимални 13,6 терават часови, во однос на сегашните  9,6.

Свето Николовски