Ниска откупна цена на јагнето
На повеќе од еден месец пред извозниот шпиц на јагнешкото овчарите се разочарани и не се надеваат на повисоки цени од ланските. Во моментов се нудат 140 денари за килограм жива мера , а според сточарите производствената цена за прва класа ги чини до 180 денари. Решениети го бараат во дополнителна субвенција од 40 денари за килограм.

И годинава, пред извозниот шпиц за велигден откупните цени на јагнешкото ги разочараа овчарите.
Во моментов за прва класа јагниња трговците нудат по140 денари за килограм жива мера иако пресметките покажуваат дека производствената цена чини 182 денари за килограм. Затоа сточарите велат дека ќе побараат вонредна мерка за доплата исто како кај тутунот. Дополнителната поддршка според нив треба да биде до максимум 40 денари за килограм или помала, во зависност од постигнатата откупна цена за јагнето што ќе ја добијат и колку е таа блиску да обезбеди произодство без загуба.
Здруженијата на овчарите предлагаат поддршката да се утврдува врз основа на откупната белешка каде јасно ќе стои колку тежело јагнето и за колку е продадено.
Овчарството е трето по ред во извозот на земјоделските прехранбени производи во нашава земја. Годишно во просек се продаваат скоро 2 500 тони јагнешко и овчо месо, во вредност од 13 милиони евра.
