ОТКУП

Завршува откупот на тутунот

12.03.2019 10:39

Откупот на тутунот мора да заврши до 15 март. Според последните податоци до 18 февруари се откупени 21 900 тони со просечна цена од 213 денари за килограм. Истовремено со предавањето на родот, тутунарите веќе го планираат и новото производство за годинава.

До средината на февруари од ланската реколта се откупени скоро 22 илјади тони тутун, со просечна цена од 213,5 денари за килограм, а досега се исплатени повеќе од 90 проценти од преземениот род. Инаку, годинава до крајот на исплатата на сметките на тутунарите треба да легнати вкупно 4,6 милијарди денари.

По завршувањето на законскиот рок на откупот, ќе почне и административна обработка на поднесените барањата за финансиска поддршка, а од април на тутунарите им следуваат и субвениите. Лани 26 390 тутунари добија вкупно 28 милиони евра директна финансиска помош. Годинашнава реколта е помала и тежи скоро 22 000, иако откупувачите во подготвени и бараа да купат до 28 000 тони тутун.

Според законот превземањето на тутунот мора да биде до 15 март иако годинава поголемиот дел отиде во монополите многу порано.

Најдоцна до 31 март, пред да склучат договори за откуп за следната сезона  тутунарите новото производство мораат да го пријават во министерството за земјоделство, односно подрачните единици  каде што е местото на живеењето на производителот независно каде се наоѓаат површините со тутун.