Жртви во напад во џамии во Крајстчрч
Осуда од светските лидери за нападот врз верските објекти на Нов Зеланд... Вооружени лица отворија оган кон верници во две џамии во Крајстчрч... Загинаа речиси 50 луѓе, а дваесетина се во критична здравствена состојба...

Педесетина мртви во напад во две џамии на Нов Зеланд. Тројца мажи и жена се во притвор. Премиерот на Австралија Скот Морисон потврди дека еден од нив е терорист од редовите на екстремните десничари кој го најавил нападот на Интернет, а за време на инцидентот објавил 17-минутно видео на Фејсбук. Снимката е веќе избришана од Интернет.
Слушнав силен истрел. По вториот, почнав да бегам, многмина седеа на подот. Напаѓачот беше на предната врата, јас побегнав зад џамијата и се јавив во полиција. Им требаше време да стигнат.
Се криевме зад колите, кога видовме дека уште пукаат, моравме да ја прескокнеме оградата. Се скривме во соседните куќи.
Полицијата трага и по други потенцијални осомничени за нападот. Во близина на џамиите биле откриени и импровизирани експлозиви кои биле монтирани на возила. Инцидентите за терироситички напади.
Мајк Буш - Полициски Комесар
Имаме многу жртви на две локации, во две џамии во Крајстчрч. Едната е на Авенијата Динс, втората на Линвуд. Локациите се блокирани. Четворица се во притвор, не знаеме дали постојат и соучесници. Затворивме и неколку училишта.
Јакинда Ардерн - Премиер на Нов Зеланд
Многумина од овие луѓе се можеби мигранти, бегалци. Решиле Нов Зеланд да биде нивниот нов дом. Тие се исти како нас, човекот кој го изврши ова насилство нема место на Нов Зеланд.
Во џамијата била и репрезентацијата за крикет од Бангладеш, но никој од нив не е повреден. Поради смртоносните напади, прогласена е состојба на зголемена безбедност. Според последниот попис, само еден процент од населението им припаѓа на муслиманите.
