БЕНЗИНИ

Нови цени на горивата

18.03.2019 16:00

Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата кои што ќе важат од полноќ..

Бензинот од 95 октани поскапува за 1,5 денар и ќе се продава за 66 денари за литар.. За еден денар повисока цена добива 98-октанскиот бензин, а ќе се продава за 67,5 денари за литар.. Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за половина денар.. Новата цена на дизелот  изнесува 60,50 денари.. Поевтинува и мазутот.. Во изминативе две недели, суровата нафта на светските берзи била поевтина, а курсот на денарот во однос на доларот бил повисок..