ПРОЦЕДУРИ

Нови правила за свињарските фарми

19.03.2019 11:21

Се подготвуваат нови правила за прогласување на свињарските фарми дека се сигурни и дека кај нив нема присуство на болеста Трихинелоза. Со стекнување на овој статус се зголемува конкурентноста на фамерите на домашниот и на странскиот пазар. Оваа добиточна болест се пренесува и кај луѓето, но во последните 5 години не е пронајдена во кланиците и храната е безбедно за консумација. Со термичка обработка на месото, бактеријата се уништува.

На барање на свињарски фарми, Агенцијата за храна и ветеринарство ги презентираше процедури кои се однесуваат на стекнувањтое на статусот на таканаречено „  слободно одгледувалиште од болеста трихинелоза“.

Со процедурите се зголемува конкурентноста на домашните одгледувачи на свињи, но и се зголемува меѓународната трговија со свинското месо и неговите преработки. Со нив покрај воведените биосигурносни мерки се гарантира квалитетот, но пред се , се потврдува безбедноста на овој вид на производи.

Трихинелозата е заразно заболување кое може да се пренесе од животните на луѓето. Најчеста причина за појавата на болеста кај луѓето е конзумирањето недоволно термички обработено месо или месни производи од домашни свињи и дивеч кои се заразени со оваа болест.

Во нашава земја во 2008 та година година за последен пат е регистрирано лизе заразено од оваа болест, а во последните 5 години од вкупно закланите свињи во ниту еден испитан примерок не е потврдено присуство на болеста трихинела  со што и месото во трговијата е безбедно за јадење.