ХОЛАНДИЈА

Се утврдуваат мотивите за нападот во Утрехт

19.03.2019 11:24

Уапсен напаѓачот во Утрехт... 37-годишниот Турчин Танис усмрти три лица.. Неколкумина од повредените се во критична сосотјба... Полицијата објави дека се разгледуваат сите мотиви за нападот. Членови на неговото семејство изјавиле дека причина била семејна кавга.

Холандската полиција ги утврдува мотивите за смртоносниот напад во холандскиот град Утрехт. 37-годишниот Турчин Ѓокмен Танис усмрти три лица во трамвај и рани неколкумина. Потоа успеа да им побегне на полициските офицери кои речиси цел ден трагаа по него пред конечно да го уапсат. Роднините на напаѓачот тврдат дека пукал со цел да убие конректна личност поради семејна расправа, но подоцна морал да пука и кон други поради нивната солидарност со жртвите и повредените.

 

Јас бев во трамвајот, нагло застанавме, мислев дека се случила несреќа. Погледнав надвор, и видов жена на патот. Мислев дека ја прегазил трамвајот. Некои излегоа да и помогнат.


Трамвајот го блокираше патот. Имаше нешто меѓу два дела, ама не знам што точно. Луѓето панично почнаа да излегуваат од трамвајот.

Полицијата го третира случајот како тероризам. Осомничениот има полициско досие, а веќе бил осуден за обид за убиство. Во моментов е обвинет и за силување.

Марк Руте - Премиер на Холандија

Сведочевме на напад во срцето на Холандија. Тројца загинаа, а неколкумина се повредени. Двајца се во критична состојба. Осомничениот е уапсен. Имаме многу прашања . Мотивите не се се уште прецизирани.

 

Фердинанд Грапехаус - Министер за правда и безбедност

Осомничен е 37-годишен маж. Остануваат многу неодговрени прашања. Мора да се држиме до фактите. Ги повикувам сите да останат смирени

Непосредно по нападот беа затворени училиштата во Утрехт, а аеродромите и џамиите го зголемија нивото на безбедност. По апсењето на Танис беа укинати мерките.