БИЗНИС

Закон за финансиска поддршка на инвестиции

19.03.2019 13:28

По барање на бизнис-заедниците ќе се менува законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Целта е целосно искористување на предвидените 65 милиони евра во државната каса за годинава, како и надминување на воочените слабости во регулативата,  на  што укажувале  компаниите.

Билјана Пеева-Стопанска комора на Македонија

,,Се соочуваат со недостиг на кадар и кога тој кадар по сопствена волја ги напушта компаниите ,имавме ситуации за мали отстапки од компании на пример кои што вработуваат 100 или 200 вработени  да имаме намалување на бројот на за двајца, тројца вработени  во компаниите и тие всушност не го исполнуваа критериумот за да можат да ги користат овие погодности .Но гледам дека сега овие критериуми се значително ублажени .“

Александар Зарков-Сојуз на стопански комори

,,Мене ме радува што во член 9  од овој закон веќе се прифатени одредени предлози што беа доставени од наша страна и јас искрено се надевам дека во периодот што претстои сите овие предвидени средства што се зголемени, соодветно ќе бидат искористени од страна на компаниите и ќе се намалува бројот на предизвици со кои што се соочуваат фирмите при аплицирање.“

Со измените во законот им се дава шанса и на компаниите од ИКТ секторот чиј број само лани  се  зголемил за  дури  35%.

Анита Никова –МАСИТ

,,Дефинитивно го поздравуваме брзото  менување на првата врзија од законот кој што се покажа во одреден степен дека е многу солиден ,меѓутоа имаше  мали проблеми  при имплементацијата и искористување на овие средства од страна на ИКТ индустријата.“

Владата најавува ублажување на одредени критериуми за користење на средствата за поддршка на инвестициите.

Двтон Кочо Анѓушев-вицепремиер за економски прашања

Германските компании се задоволни од законското решение  кое што воошто не  прави разлика меѓу домашните и странските фирми, особено во третманот што го добиваат, вели Патрик Мертенс .

Патрик Мертенс-Здружение на германското стопанство

,,Апсолутно ја поддржувам идејата за амандманите на новиот закон затоа што одминувањето на ИТ секторот е навистина  проблематично. Странските инвеститори имаат идеја колку што е можно да имаат што повеќе локални  добавувачи, што е навистина предизвик.“

Лани компаниите искористиле околу 36 милиони евра финансиска поддршка од државата и сите пари биле навреме исплатени, тврди Анѓушев, а моделот на поддршка на фирмите е сличен на другите земји  кои неретко имаат далеку поголеми финансиски можности.

Свето Николовски