Оглас од Платежна агенција за ИПАРД 2
На вториот оглас од ИПАРД 2 програмата се поднесени 1164 барања за финансирање на инвестиции со вкупна сума од 33 милиони евра. Најголем дел од апликациите се однесуваат за модернизација на индивидуалните земјоделски стопанства, а помал дел за преработувачките капацитети.

На последниот оглас за средствата од ИПАРД 2 програмата до Платежната агенција се поднесени 1.164 барања во износ од 33 милиони евра.
На повикот кој траеше до февруари беа понудени две мерки .
За првата, за инестиции во материјални средства за земјоделските стопанства, пристигнати се 1.099 барања за добивање на финанскиска поддршка од 17,1 милион евра, а за втората која се однесува за инвестиции за преработки на земјоделски и производи од риба, иако има помалку барања, само 65, вкупната побарана финансиска поддршка е скоро како предходната или безмалку 16 милиони евра.
Одпретходниот, првиот повик, од почетокот на ИПАРД 2 програмата, досега се потпишани 953 договори со побарана сума од 22,4 милиони евра.
За овие склучени договори до Платежната агенција се пристигнати 667 барања за исплата на сума 6.6 милиони евра поддршка.
Истовремено на 158 апликанти кои веќе ја завршиле инвестицијата на сметките им се вратени повеќе од 2 милиони евра.
