ХАГ

Пресуда за Радован Караџиќ

20.03.2019 16:02

Жалбениот совет на меѓународниот резидуален механизам за кривични судови по три години жалбена постапка со конечна второстепена пресуда за поранешниот лидер на босанските срби, Радован Караџиќ. Со денешната пресуда завршува правосудната постапка која траеше од 1995 година. Со првостепената пресуда беше осуден на 40 години затвор.

Конечна пресуда од Механизмот за меѓународни казнени судови во Хаг за првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ. Обвинет е за најтешки воени злосторства извршени на европската територија по Втората светска војна, вклучувајќи ги геноцидот во Сребреница и опсадата на Сараево. Како злосторнички чин е квалифицирано и држењето во залoжништво на припадници на УНПРОФОР со цел НАТО да не врши воздушни напади врз воени цели на босанските Срби. Во 2016 година, Судскиот совет на Трибуналот го осуди на 40 години затвор за Сребреница и за злосторства извршени против човештвото во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. „Физичкото насилство запре, но не и психолошката војна“, велат оние кои успеале да си го спасат животот на фронтот.

Фикрет Бачиќ

На 25 јули 1992 ми го убија целото семејство пред домот. На тој ден стрелаа 32 членови од мојата фамилија. Групата која ги уби беше ослободена на суд и речиси секој ден ги гледам тие луѓе низ градот. Замислете како се чувствувам кога ќе наидам на војник кој убил мој близок?

Правниот тим на Караџиќ, а и властите во Република Српска тврдат дека Трибуналот често носи неправедни пресуди врз основа на компромитирачки докази.

Жељка Цвијановиќ - Претседател на Република Српска

Многу често меѓунардоното судење, а и она во Босна и Херцеговина се движеа по една матрица. Генерално, имавте политички одлуки кои се претходно донесени, па правење на политичките рамки кои се полнеа со правно-правосудни одуки или судски пресуди. Како резултат на тоа, денеска постои огромна недоверба во судските процеси.

Психијатарот со потекло од Црна Гора ја градеше кариерата во Сараево, а во политиката се активираше во 80-тите години на минатиот век. Од позиција на лидер на Српската демократска партија во Босна и Херцеговина, во  војната, Караџиќ застанува на чело на Република Српска. Функцијата за напушта во 1995 година под притисок на САД и мировните преговори . Иако Хашкиот трибунал веднаш покрена обвинение, тој остана на слобода до 2008 година. Уапсен е во Белград каде што со години живеел и се криел зад лажен идентитет на измислен надридоктор со име Драган Дабиќ. Девет дена подоцна е префрлен  во Шевенинген.