Ниска откупна цена на јагнешкото
На еден месец пред извозниот шпиц на јагнешкото овчарите се разочарани и не се надеваат на повисоки цени од ланските. Во моментов се нудат по 140 денари за килограм жива мера , а според сточарите производствената цена за прва класа ги чини до 180 денари. Решениети го бараат во дополнителна финансиска поддршка од 40 денари за килограм.

И годинава, пред извозниот шпиц за велигден откупните цени на јагнешкото ги разочараа овчарите. Во моментов за прва класа јагниња трговците нудат по 140 денари за килограм жива мера иако пресметките покажуваат дека производствената цена чини 182 денари за килограм. Затоа сточарите бараат дополнителна мерка за доплата, исто како кај тутунот. Оваа вонредна финансиска помош според нив треба да биде до максимум 40 денари за килограм или помала, во зависност од постигнатата откупна цена за јагнето што ќе ја добијат и колку е таа блиску да обезбеди произодство без загуба.
Здруженијата на овчарите предлагаат поддршката да се утврдува врз основа на откупната белешка каде јасно ќе стои колку тежело јагнето и за колку е продадено. Министерството за земјоделствон за изнаоѓање соодветно решение оваа недела најавува и средби со трговците и со откупувачите.
Овчарството е трето по ред во извозот на земјоделските прехранбени производи во нашава земја. Годишно во просек се продаваат скоро 2 500 тони јагнешко и овчо месо, во вредност од 13 милиони евра.
