Повредени во ракетен напад од појасот Газа
Поради смртоносниот ракетен напад врз изралеска територија, премиерот Нетанјаху ја прекина посетата на САД. Требаше да присуствува на потпишување на декрет на американскиот претседател Трамп за признавање на израелскиот суверенитет врз голанската висорамнина. Анектирана беше во 1967 година, а дотогаш беше дел од Сирија.

Неколкумина повредени во ракетен напад од Појасот Газа. Цел на гранатирање била семејна куќа во село, 80 километри оддалечено од местото каде што е истрелана ракетата.
Се разбудивме од звукот, не од предупредувањето. Не ја слушнавме сирената.
Премиерот на Израел Нетанјаху го осуди нападот од Газа и се закани со голема одмазда.
Бенјамин Нетанјаху - Премиер на Израел
Разговарав со воениот командант, шефот на Шин бет и Советот за национална безбедност. Ова е злобен напад врз државата Израел. Поради најновите настани, ја прекинувам посетата во САД. Имам кратка средба со претседателот Доналд Трамп и веднаш заминувам за Израел.
Трамп подготви декрет за признавање на израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина. Многу земји, вклучувајќи ја и ЕУ, остро реагираа на одлуката на Вашингтон. Според Обединетите Нации, Голанската висорамнина е окупирана територија. Признавањето на спорното подрачје би му дало повеќе моќ на Нетанјаху, кој во кампањата за изборите на 4 април, се соочува со обвиненија за корупција.
Во 1981 година Израел ја анектираше оваа територија од Сирија откако ја освои во Шестдневната војна во 1967 година. По победата против Египет, Јордан и Сирија, Израел презеде контрола врз Појасот Газа, Синајскиот Полуостров и Западниот Брег. Од 1974 година, силите на ОН го надгледуваат подрачјето по линијата за прекин на огнот.
