ЛАГ

Оглас за поддршка на локални акциски групи

26.03.2019 12:22

Регистрираните локални акциски групи, таканаречените лагови, имаат право на финансиска поддршка за реализација на нивните стратегиите за развој на руралните средини. Поддршката изнесува вкупно 13 милиони денари за целата држава. Пари се обезбедени и за формирање на нови акциски групи.

На огласот кој ќе трае до 18 април регистрираните лагови имаат право на финансиска поддршка од вкупно 13 милиони денари, а обезбеден е и дополнителен еден милион денари за формирање на нови локални акциски групи.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршените активности и инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.

Средствата од финансиската поддршка може да се доделат во вид на авансна исплата во висина од 40 одсто, или во целост по реализација на активностите.

Максималната финансиска поддршка ќе биде еднакво распределена за секоја акциска група според расположливите средства од мерката.

ЛАГ-от е јавно-приватно партнерство меѓу најмалку 2 соседни рурални општини, физички и правни лица или здруженија на граѓани . Задачата на ЛАГ-от е да го координира развојот на локалните селски подрачја. Да креира и спроведува стратегии за развој и да ги распределува финансиските средства .