РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

Од 1 април исклучените нема да плаќаат надоместок

26.03.2019 11:17

Регулаторната комисија за енергетика реши исклучените 11 илјади  потрошувачи од топлификацискиот систем од  1 април повеќе да не плаќаат фиксен надоместок. Исто така,  од 1 август ангажираната  моќност како тарифен елемент ќе биде изземена од сметките, бидејќи им прави проблеми на потрошувачите при анализа на трошоците за парно. Фиксните трошоци ќе бидат  дополнително утврдени на нов начин, со измени на тарифниот систем, затоа што тоа  не  било возможно да се направи во тек на грејна  сезона  кога се применува друг  тарифник.

Марко Бислимоски-претседател на Регулаторната комисија за енергетика

,,Предлагаме потрошувачите кои што би сакале да се исклучат, да го имаат тоа право за исклучување ,но да изготват соодветен елаборат со кој што ќе се докаже   дека новиот начин на греење нема да предизвика проблеми  во снабдувањето со електрична енергија.Односно треба да водеат енергетски поефикасен начин на греење отколку што е топлинската енергија.“

Според  хрватскиот модел, Регулаторна предлага оние што сакаат да се исклучат од системот да мора да побараат  и дозвола, односно согласност, од 50 плус еден процент станари  што живеат во соодветните згради. Бислимоски  е дециден, овие промени нема да влијаат врз  цената на парното.

Марко Бислимоски-претседател на Регулаторната комисија за енергетика

,,Од 1 април нема да има никакво зголемување на сметките за топлинска енергија .Значи граѓаните да не се грижат .Од 1 април си остануваат истите цени кои што си биле.Ќе продолжат до носењето на новата одлука .Значи  нема никакво зголемување на цените,се си останува како што било.“

Бислимоски најави дека се воведува забрана за исклучување на ранливите категории на потрошувачи во зимските месеци од топлификацискиот систем. За празните станови во кои што никој не живее ќе има посебен начин на тарифирање  кој ќе биде подготвен до крајот на март годинава. Регулаторна ги поттикнува компаниите  и потрошувачите во домовите да инсталираат уреди за мерење на  потрошувачката на топлинска енергија,а државата да изнајде  модел на поддршка по примерот на земјите членки на ЕУ.

Свето Николовски