Поддршка за регистрација на локални акциски групи
Граѓанските здруженија, приватните фирми и најмалку две општини кои граничат една со друга можат да формираат локална акциска група за развој на својата рурална средина. За почеток на нивното работење финансиски средства можат да побараат и од платежната агенција и имаат право на поддршка не поголема од 800 илјади денари.

За почнување на работата на локалната акциска група или скратено ЛАГ основачите имаат право на финансиска поддршка.
Прифатливи се трошоците за закуп и одржување на просториите, канцелариски мебел, материјали, компјутери и друга опрема за работа на ЛАГ-от.
Максималната вредност на поддршката е до 800.000 денари за неколку намени. Најмногу од 450.000 за административни услуги, не повеќе од 200.000 годишно за закуп и не повеќе од 150.000 денари за набавка на опрема и канцелариски материјали.
Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиската поддршка се рангираат согласно времето и датумот на поднесување на барањето.
Корисникот не смее да почне со реализацијата на активностите пред склучување на договорот за финансиска поддршка со платежната агенција, освен за делот на услуги за изработка на проекти, студии, елаборати, планска и техничка документација.
