Од 1 мај нови декларации за меленото месо
За нешто повеќе од еден месец стартуваат новите правила за декларациите во месната индустрија. Од први мај потрошувачите на меленото месо ќе имаат повеќе имформации за тоа што ќе купуваат. Со новиот правилник на декларациите за меленото и неговите преработки треба детално да се опише потеклото на месото и содржината на протеини и на вода. На овој начин, ветеринарните власти сметаат дека ќе се избегнат измамите на потрошувачите.

Од први мај почнуваат ветеринарните контроли за квалитетот на меленото месо.
Месарниците и месната индустрија ќе мора да се прилагоди на новите правила за декларација на производите.
Новите одредби ги штитат потрошувачите да бидат соодветно и детално информирани за тоа каква храна купуваат и консумираат и кои категории месо може да се користат за производство на одредени производи.
Се воведува задолжително декларирање на потеклото и дали производот е добиен од свежо или замрзнато месо и колку содржи вода и протеини.
Со новите правила треба да се овозможи не само подобра информираност на потрошувачот, туку и да се намалат можностите за евентуални манипулации.
Подготовките од месо треба да содржат информација дали се произведени од замрзнато месо и доколку се , треба де е назначен датумот на замрзнување.
Во спротивно, казните за овој вид прекршок се од 500 до 1.500 евра.
