Пари за работење на локални акциски групи
Регистрираните локални акциски групи можат да побараат финансиска помош за спроведување на нивните стратегии за локален развој на руралните средини. Ќе имаат право на надомест за закупнини на канцеларии, организирање на настани, и градба на објекти од заеднички интерес. Средствата добиени од оваа мерка се неповратни.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на локалните акциски групи во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.
За реализација на стратегиите за локален развој подготвени од акциската група, прифатливи се трошоците за закуп на простории и користење на угостителски услуги за одржување на настани , градба и реконструкција на објекти опфатени со проектите како и набавка на опрема и активности за обновување на селата.
Финансиски се подржуваат и руралните бизниси, активностите за млади, за лица со посебни потреби и социјално исклучени лица како и други активности за кои што членовите на акциската група ќе одлучат дека се потребни за нивното село.
Финансиската поддршка е до 800.000 денари вклучувајќи ги и трошоците за експерти ангажирани за подготвување и реализација на проектите, како и трошоци за подготовка и печатење на промотивни материјали.Крајниот рок за аплицирање е до 18 април 2019 година.
