Контроли на земјоделските и шумарските инспектори
Поради зачестените пожари се воведе забрана за движење во шуми освен во парк шумите Водно и Гази Баба. Државните инспекторати за земјоделство и за ловство ќе имаат засилена контрола на терен поради палење на стрништата. Заштитата на шумите е обврска на субјектите кои стопанисуваат со нив.

Државниот инспекторат за земјоделство досега на терен извршил 50 инспекциски надзори за што се составени 50 записници, изречени се 10 парични казни од кои 9 се платени, а за 10 прекршители е покрената постапка која е во тек.
Државниот инспекторат за земјоделство ги интезивира инспекциските контроли, особено онаму каде има засеано житни култури, со цел да се откријат лицата кои палат оган во близината на посевите, ги палат стрништата односно остатоците од разни земјоделски култури, со што потоа се предизвикуваат и шумски пожари.
Заштитата од шумски пожари ја вршат и е обврска на субјектите кои стопанисуваат со шумите.
Само во март се евидентирани околу 70 пожари на скоро 1600 хектари земјиште поради што е воведена забрана за движење во шуми.
Забраната ќе трае се до нејзино отповикување и не важи за парк шумата Водно, Гази Баба како и за организираните посети на туристи.
