Обезбеден побрз и полесен пристап до oртопедски помагала

06.11.2013 15:46

За 7 700 инвалидни лица се обезбедува побрз и полесен пристап до ортопедски помагала

Вештачки  раце  и  нозе  наместо за три,од наредната недела  ќе се добиваат  на две години.Вештачка силиконска дојка ќе се заменува на една наместо како досега на две години . Дечињата до 7 години ќе имаат право два пати годишно да менуваат ортопедски чевли,наместо еднаш годишно,а децата до 18 години на 9 месеци.За прв пат преку Фондот ќе се обезбедува и привремена очна протеза.За оперираните пациенти,хирурзите ќе можат да препишуваат надколенична корективна лонгета,наместо тоа да го прави  ортопед како досега.
Овие промени на правилникот Фондот за здравствено осигурување ќе го чинат дополнителни 15 милиони денари годишно. 
 
Соња Стојановска