Објавен тендер за сончева постројка во Осломеј
Европската банка за обнова и развој и државната ЕЛЕМ објавиле тендер за проектирање и изградба на 10 мегаватна фотоволтаична електроцентрала што ќе се лоцира на рекултивираниот простор на рудникот за јаглен во ТЕЦ-Осломеј.

Кочо Анѓушев-вицепремиер за економски прашања
,,До крајот на месецов ќе излезе тендерска постапка за 62 мегавати фотоволтаици и тоа 35 мегавати на државно земјиште и 27 на приватно земјиште.“
Сончевата постројка во Осломеј ќе зафаќа површина од 15 хектари рекултивирано земјиште и ќе произведува 15 гигаватчасови струја годишно, најави министерот за економија Бектеши.Тоа е доволно за покривање на годишните потреби на околу 2 илјади домаќинства. ,,ЕЛЕМ“ најави дека дополнително ќе инвестира и во нови површини со фотоволтаици ,не само во Осломеј туку и во исцрпените копови на РЕК-Битола.
Драган Миновски-генерален директор на АД-Елем-Скопје
,,Годинава продолжуваме со 2 нови проекта и тоа ,дополнителни 20 мегавати фотоволтаична енергија во рамките на термоелектраната Осломеј и дополнително 20 мегавати во рамките на РЕК-Битола.“
Државната ,,ЕЛЕМ“ најави дека фотонапонската централа во Осломеј ќе биде изградена за 10 месеци и би требало да биде ставена во функција во првиот квартал на 2020-та. Со ова не се прави никаков популизам,затоа што станува збор за планирани државни инвестиции кои се дел од Владината програма ,рече Анѓушев,одговарајќи на новинарско прашање за тајмингот на прес конференцијата во ек на предизборна кампања.
