Бруцелозата кај добитокот драстично намалена
Десетгодишната вакцинацијата за бруцелозата ги спаси стадата со овци и кози . Од некогашните над 16 000 заболени животни годишно, сега таа бројка е сведена на 370. Намален е и бројот на луѓето заразени од оваа болест од скоро 500 во просек на 11 годишно. Целта е вкупниот број на заболени животни да се сведе на еден процент.

Од скоро 16.000 во 2008-та година, бројот на заболени овци и кози од болеста бруцелоза лани се сведе на само 370. Со воведувањето на вакцинација на овците и козите и воспоставувањтое на системот за идентификација и регистрација на ситниот добиток, трендот на намалување на бројот на заболени грла продолжи и минатата година.
Искоренувањето на оваа болест се одрази и кај луѓето кога лани биле евидентирани само 11 заболени лица, наспроти 490 во 2008-та година.
Ветеринарните власти велат дека целта е намалување на вкупниот број на заболени грла на еден процент годишно на ниво на едно одгледувалиште.
Во годините што доаѓаат според плановите на министерството за земјоделство и ветеринарната агенција ќе се продолжи со спроведување на стратегијата за тестирање и за колење на заболените животни, а не само нивно вакцинирање.
Ваквиот пристап ќе се применува и во регионите каде што до сега вакцинација се спроведуваше само на подмладокот а не и на повозрасните животни.
