ЛОНДОН

Усвоен нацрт- закон за одложување на Брегзит

04.04.2019 13:36

Долниот дом на британскиот парламент усвои предлог-закон за пролонгиреање на рокот за Брегзит и избегнување на сценарио без довговор. Според планот, Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 12 април. Меј сака да добие одложување до 22 мај за да се избегнат ангажманите за европските избори на крајот на мај.

По серија неуспешни дебати и гласања, законодавците во Лондон конечно успеаја да постигнат брза согласност за прашање за Брегзит. Со разлика од само еден глас, Долниот дом на британскиот парламент усвои предлог-закон за уште едно одложување на процесот. Целта е тие да ја определуваат должината на одлагањето на рокот, со што се отвора можност да биде пречекорен зададениот временски период до 22 мај. Внатрепартиските несогласувањата на Конзервативците за стратегијата на премиерката Меј придонесоа експресно да се изгласа документот. Зелено светло од Горниот дом значи барање до Брисел за подолго пролонгирање доколку до 12 април Меј не го протурка својот договор во Вестминстер. Ако ЕУ дозволи проширување на Членот 50, се исклучува сценариото без договор.

Жан Клод Јункер - Претседател на Европската Комисија

Што и да се случи, Обединетото Кралство и натаму ќе мора да се занимава со трите главни прашања за разделба. Правата на граѓаните, финансиските обврски од членството во ЕУ, и решение за ирската граница со кое ќе се зачуваат мирот и внатрешниот пазар.

Од Даунинг стрит ја оценија средбата на премиерката Меј и лидерот на опозицијата Џереми Корбин како конструктивна иако конзервативците и лабуристите и натаму не се согласуваат за политиката за царинска унија со Брисел.

Џереми Корбин • Лидер на партијата на лабуристите
Партијата на лабуристите сака царинска унија со ЕУ, сакаме пристап на пазарот, и сме за динамично усогласување на регулативите. Ќе бидат опфатени и европските избори во кои Владата воопшто не сака да учествува.

Никола Старџен - Премиерка на Шкотска

Уште не ми е јасно за што е подготвена премиерката Меј да направи компромис. Таа сака да дознае каде другите би направиле компромис, но не е отворена за тоа каде би можеле да се отстранат нејзините црвени линии.

Кризата за Брегзит резултира и со министерски оставки, трансфери во противнички политички партии и барања за втор референдум за членството во ЕУ.