КОНФЕРЕНЦИЈА

Конференција ,,Националната економија и ЕУ“

05.04.2019 15:55

Економијата да се приспоби на барањата на европскиот пазар, да се искористи поволниот политички момент, да продолжат реформите во администрацијата, да се подигне конкурентноста на компаниите, да се поттикне растот на индустријата, се клучните пораки од регионалната конференција „Националната економија во пресрет на ЕУ“ што ја организира Сојузот на ротари клубови во земјава.

Премиерот Заев  во обраќањето нагласи дека  се спроведуваат потребните реформи за приспособување на економијата  кон  ЕУ и оти е проблем јавната администрација којашто треба да биде поефикасна и попрофесионална.Заев е оптимист  и очекува економскиот раст во првиот квартал да достигне 4% ,а растот на БДП за 2019-та да биде над  проектираните 3,2%.

Зоран Заев-претседател на Владата

,,Храброста , знаењето и креативноста во постигнувањето на договорите со соседите Бугарија и Грција и на стабилизирање на работите дома имаат смисла и вредност ако еднакво се искористи креативноста знаењето и храброста на деловните луѓе  и граѓаните за тоа да може да донесе полза и перспектива во периодот што претстои пред нас.“

Според претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, проблемот за состојбите во економијата не може да се адресира само кај еден сектор како што е  јавната администрација.

Ангел Георгиев-Огранизација на работодавачите

,,За мене како бизнисмен ,најважно е што ние ја уништивме, ја девастиравме   индустријата.Македонија не се наоѓа на некое ниво на развој,  како што се високо развиените држави ,каде што падот на индустријата и  падот на нејзиното учество во БДП е резултат на високо софистицираните дејности и технологии.“

Координатор на Сојузот на ротари клубови  во земјава Зоран Тодоров нагласи дека годинава   во  фокус на нивното работење е економијата.  Се обидуваме мостовите што ги имаат ротари клубовите  да се искористат  во функција на  подобрување на позициите на нашите стопанственици и на нашата држава,вели Тодоров.

Доколку работиме сите заедно и   ги искористиме  искуствата на другите држави при влезот во ЕУ можеме полесно и побргу да дојдеме до позиција во која што ќе има бенефит за сите граѓани ,смета Тодоров.

Свето Николовски