ОГЛАС

Поддршка за набавка на добиток

08.04.2019 10:37

До 11-ти април тече рокот за поднесување на барања за поддршка за набавка на добиток. Сточарите кои ги исполнуваат условите имаат право на враќање на сретствата во висина од најмалку 50 проценти од вредност наинвестицијата или најмногу до 6,5 милиони денари по корисник.

Неповратната финансиска помош изнесува  најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на високо стелни јуници,со исклучок на расата буша, и за машки и женски приплодни грла овци и кози.

Последниот рок за поднесување на барањата е до 11-ти април.

Ставката за ко-финансирање се зголемува и изнесува  55 за млад земјоделец , 60 за неразвиените подрачја па до 75 проценти за вложувањата во тешко достапните рурални заедници.

Аплицирањето е по електронски пат, а еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу по две барања од целата Програма за рурален развој.

Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Апликациите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.