Подобра контрола на народните пари
Со помош на Светска банка, со регионалното тело, мрежата ,,ПЕМПАЛ“, 21 европска и средноазиска земја од 2006-та работат на реформите во јавните расходи и во финансиското управување.

Земјите-членки се поддржуваат да воведат ефикасни системи за внатрешна ревизија која што ги задоволува меѓународните и стандардите на ЕУ и овозможува добро управување во јавниот сектор. Министерот за финанасии Тевдовски најави зајакнување, но и натамошно развивање на системот за внатрешна контрола на трошењето на јавните средства.
Драган Тевдовски –министер за финансии
,, Ние сме прва земја во регионот која што направи стратегија за развој на овој систем,тоа го промовиравме минатата недела заедно со ЕУ . Една од главните насоки е да се засили тој систем и со луѓе и јас апсолутно го поддржувам и ќе направиме се, не само кадровски туку и според стандардите да го развиваме овој систем ,бидеејќи сметаме дека е важен за функционирање на јавните финансии. По завршување на изборите, чекор по чекор, ќе работиме на реализација на оваа стратегија“
До средината на годината општините имаат законска обврска да завршат со реализација на договорите за намалување на старите долгови , за што државата со ребалансот обезбеди и им префрли половина од вкупната сума.
Драган Тевдовски –министер за финансии
,,Беше дадено половина од тие стари напластени,превземени обврски .Заедно воспоставивме механизам кој што ќе ги натера да бараат отпис на камати и да бараат дисконти .Поставивме и фискално правило со коешто оневозможуваме такво нешто да се случи во иднина.“
Тевдовски е дециден, за годинава не се планираат вакви потези, односно нови инекции од буџетот за локалните власти. Општините имаат обрска постепено да ги елиминираат старите обврски и да не создаваат нови долгови.
Свето Николовски
