Обештетување на лозарите
Лозарите на кои винарските визби им должеа за купениот род ги добија парите. Вкупниот износ е 77 милиони денари за скоро 2500 земјоделски стопанства, а висината на исплатата е според просечната откупна цена на винското грозје од 2014 до 2016 година. Земјоделците кои по судски пат ќе ги добијат пари од винариите, парите од државното обесштетување ќе треба да ги вратат во буџетот.

Лозарите ги добија парите. Дополнителната финансиска помош се однесува за предаденото, а не платено винско грозје од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година.
Висината на помошта се утврдува според сортата на продаденото винско грозје која не е повисока од просечната откупна цена утврдена по килограм, односно за смедеревката 10, Вранецот 12, Шардонето 15, Темјаниката 20, Мерлот 14 и за Станушина и Ризлинг по 11 денари за килограм.
Вкупната сума е 77 милиони денари за скоро 2500 земјоделски стопанства.
Во списокот на винарски визби кои за посочениот период имаат долг кон лозарите се винарниците „Повардарие“ и „Стефанс винарија“, и сите други винарски визби кои што во истиот период биле регистрирани.
Лозарите кои ја добиле дополнителната помош, парите ќе треба да ги вратат во државниот буџет ако во периодот од три години од денот на исплатата врз основа на судска одлука или враќање на долгот од винариите ги добиле парите во намален или зголемен износ на име надомест на штета.
