Продолжува вакцинацијата за болеста јазлеста кожа
Нема нови жаришта на добиточната болест јазлеста кожа. Вакцинацијата и другите контролни мерки ја спречија епидемијата на оваа болеста Балканот, објави европската агенција за безбедност на храна. Сепак, според препораките на ветеринарите, вакцинацијата во нашава земја ќе продолжи и оваа година.

Европската агенција за безбедност на храна потврди дека нема појава на нови жаришта на добиточната болеста јазлеста кожа на територијата на југоисточна Европа во текот на 2018 година.
Лани вкупно 2.5 милиони говеда се вакцинирани на територијата на целиот регион со што е постигната опфатеност од 70 проценти.
Меѓутоа, болеста е сеуште е присутна на територијата на Русија, Турција и на Грузија.
Од безбедносни причини и постојаната закана за повторна појавана болеста, Европската агенција препорачува продолжување на вакцинацијата во областите со висок ризик на Балканот каде што спаѓа и нашава земја.
Поради тоа Агенцијата за храна и ветеринарство, следејќи ги препораките на надлежните меѓународни организации, во 2019 година ќе продолжи со спроведување масовна вакцинација на говедата против болеста чвореста кожа на територијата на целата држава.
