СЕЛА

Пари за рурален развој

11.04.2019 10:37

Годинава 38 милиони евра се обезбедени за финансиска поддршка на руралниот развојот. Општините покажале голем интерес, односно поднеле 206 барања за изградба на инфраструктурни проекти во селата. Парите се наменети и за изготвување на детални урбанистички планови без кои неможат да се користат средствата од ИПАРД програмата.

Нови 206 проекти од руралните општини ќе бидат поддржани со вкупно 38 милиони евра од Програмата  за рурален развој за 2018 годин.

Проектите главно се однесуваат на капитални инвестиции, инвестиции во изградба на домови, зелени пазари, локална патна инфраструктура  и  поврзување на селата и на населените места. За сите проекти е подготвена комплетна документација и е завршена постапка во Платежната агенција.

Преку мерките од Програмата за рурален развој, дел од општините бараат и поддршка за изработка на деталните урбанистички планови без кои не ќе може да аплицираат за финансиска поддршка од новата мерка за парите од европскиот предпристапен фонд за земјоделството и за развојот на руралните средини.

Во наредните месеци ќе стартува  и склучувањето на договорите со сите општини кои ги исполниле условите и кои ќе можат да ја почнат постапката за јавни набавки.

Овој период не треба да биде подолг од шест месеци од потпишувањето на договорите.