ВИКИЛИКС

Уапсен соработник на Џулијан Асанж

12.04.2019 14:12

Во Еквадор уапсено лице осомничено за блсика соработка со основачот на Викиликс.... Откако владата во Кито му го укина азилот, британската полиција го уапси Џулијан Асанж во нивната амбасада во Лондон. Претседателот Морено го обвини дека се мешал во внатрешните работи на Еквадор. Можна е забрана на двајца руски хакери да го напуштат Еквадор...

Во Еквадор е уапсен маж за кој постои сомнение дека е клучен играч во контроверзниот портал „Викиликс“, и близок соработник на основачот Џулијан Асанж. Полициската акција била извршена на аеродромот во Кито од каде што осомничениот требал да замине во Токио. Според неименуван претставник на еквадорската влада, уапсен е шведскиот програмер Ола Бини. Еквадор тврди и дека не бил запознаен со барање за испорачување на Асанж. Тој беше одведен од британската полиција поради непочитување на судска одлука од 2012 година, за што би можел да добие 12 месеци затвор во Британија.

Џереми Хант - Министер за надворешни работи Нн Обединетото Кралство

Покажавме дека никој не е над законот. Асанж не е херој. Со години се криеше од  вистината. Правилно е за неговата иднина да се решава во британскиот правосуден систем.

„САД треба да испратат барање за екстрадиција до 12 април“, изјави судијата Мајкл Сноу задолжен за случајот. Адвокатскиот тим на Асанж и неговите колеги од Викиликс предупредија дека ова е силен удар за новинарството. Обединетите Нации очекуваат фер судење. Русија го осуди чинот на британската полицијата и еквадорската влада.

Марија Захарова - Портпарол на руското МНР

Начинот на кој се изведе оваа операција ни предизвика чувство на целосно и сериозно непочитување на човечкото достоинство на господинот Асанж. Се надеваме дека ќе се почитуваат човековите права. Ја видовме реакцијата на професионалните новинари, невладините организации, целата приказна за политичкиот прогон и угнетување. Создавањето на нечовечни услови во неговото живеење е директно занемарување на слободата на говор и правата за ширење на информации.

САД покренаа обвинение со кое се товари за заговор со поранешниот разузнавачки аналитичар на војската на САД Челси Менинг за обид да влезат во компјутерските информации на американската влада во 2010 година. Порталот објави снимка од ракетниот напад во Ирак во 2007 година, кога беа убиени 18 цивили, и двајца новинари на агенцијата Ројтерс. Иако во последниот месец од својата кампања во 2016 година го споменуваш често Викиликс, претседателот Донадл Трамп изјави: „ Ништо не знам ништо за Викиликс, тоа не е моја работа“.

Во Шведска Асанж беше обвинет за сексуално малтретирање, но во 2017 година, тие обвинувања беа отфрлени.