ВРНЕЖИ

Дождот задоцни за житните култури

15.04.2019 11:23

Дождовите до некаде ќе ги спаст земјоделските култури. Иако во овој период од годината вообичаено има доволно влага, годинава земјоделците поради сушата не успеаја да ги наѓубрат нивите. Житните култури тешко дека ќе можат да го надополнат изгубеното и да дадат добар род.

Недостигот  на влага во почвата, особено во површинскиот слој ги оставија есенските посеви без вештачки ѓубриња во период кога се во фаза на развој што може да доведе до ниски приноси.

Влажниот бран кој ја зафати земјава донекаде ќе ја смени сликата во земјоделството, особено во полјоделското производство и есенските посеви, кои беа и најмногу погодени од сушата.

Долгите и тивки врнежите со количества од 30-50 литри на квадратен метар беа благодет за нивите, кога целото количество се впи во почвата, без загуби со одлевања на водата.

Ваквите врнежи иако не се доволни да го надополнат вкупниот дефицит на изгубената  влага, се повеќе од добредојдени и кај овошките и кај лозјата кај кои исто, во овој период од развојот потребите од вода се нај големи.  

Опасноста од мраз е помината и според Ангелко Ангелески агрометеоролог од управата за хидромртеоролошки работи тоа дава оптимизам дека сепак и оваа година ќе имаме овошје од сите видови и сорти.