Помпео со закани до Мадуро за бегалската криза
Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди дека претседателот на Венецуела Николас Мадуро ќе биде казнет со сите можни средства.

Во рамките на јужноамерикаснката турнеја, ја посети и Колумбија каде што пристигна третина од вкупниот број бегалци од Венецуела. Светска банка најави грант од над 30 милиони долари за помош на владата во Богота.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео сo заканувачка порака до Владата на Венецуела и нејзините поддржувачи. На претседателот Николас Мадуро му порача дека ќе одговара за корупција и репресија на демократијата. По Чиле, Парагвај и Перу, Помпео замина за Колумбија каде што пристигнуваат рекорден број бегалци поради кризата во соседна Венецуела. Предупреди дека бројката што сега изнесува 3,4 милиони, до крајот на годинава ќе надмине 5 милиони.
Мајк Помпео - Државен секретар на САД
САД ќе ги употребат сите можни економски и политички средства на располагање за да претседателот на Венецуела, Николас Мадуро одговара за кризата во својата држава. Гледајте како политичката и дипломатската јамка се стегаат околу неговиот врат. И Кубанците мора да сфатат дека ќе има цена за поддршката за Мадуро. Ист разговор ќе имаме и со Русите.
Вашингтон веќе воведе санкции против владата во Каракас која и натаму има поддршка од армијата. Американското Министерство за финансии неодамна на црната листа додаде уште 4 фирми и девет брода од кои некои наводно носеле нафта за Куба.
Мадуро ги обвинува санкциите од САД за економските проблеми на домашен терен, а опозицискиот челник Хуан Гуаидо го нарече „американска марионета“. За разлика од Кина и Русија, повеќето западни земји го признаа легитимитетот на самопрогласениот лидер.
Мадуро се соочува со закана и од Бразил чијшто претседател Жаир Болсонаро го спореди со Хитлер откако најави инвазија кај северниот сосед, но и поддршка за обидите на Вашингтон да ја изолира Венецуела.
