СКОПЈЕ

Извршен грабеж на банка

15.04.2019 15:55

Вооружени напаѓачи ја ограбиле експозитурата на НЛБ банка во скопски Чаир.. Физички бил нападнат и повреден вработен од обезбедувањето на филијалата..

Според МВР, имало пукање и од огнено оружје, но нема ранети.. И клиентите кои биле затекнати се безбедни и во добра состојба- нема детали ниту колку пари се украдени.. Во соопштението од менаџментот на банката велат- банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.. Средствата на нашите клиенти се сигурни, има осигурување на целиот имот и средства.. Паралелно се работи со истражните органи на утврдување на висината на направената штета... Се чекаат официјални информации од министерството за внатрешни работи..