Пожарот во катедралата Нотр Дам целосно изгаснат
Нотр Дам, Нотр Драм насловува Либерасион, Нотр Дам – Нотре Истуар, насловува Ле Монде, два наслови кои најдобро ја илсутрираат во францускиот печат катастрофата која ја погоди Богородичната црква во Париз, чие делумно уништување ги погоди жителите на Париз, Франција, но и целиот свет кои денес жалат за Нотр-Дам од Париз, која беше жртва на катастрофален пожар.

Пожарот целосно беше ставен под контрола дури изутринава.
„Целиот пожар сега е изгасант. Сега сме во фаза на експертиза, поради таа причина повеќе експерти ги анализираат сите структурите за да ги утврдат следните фази кои ќе следат, односно зајакнување на стабилноста на споменикот “ рече порт-паролот на париските пожарникари, од кои над 400 учествуваа во гасењето на пожарот.
Полицијата упште од синоќа започна со испитување на градежни работници што вршеле реновирање на покривот ба катедралата кога избувнал пожарот. А крајната дресница се обиде да го прикаже пожарот како атентат или криминално дело, но засега истрагата се движи кон нненамерно предизвикан пожар,
Лорен Нуњез, министер за внатрешни работи, рече дека непосредната опасност е под контрола, но не е познато до кој степен пожарот ја ослабнал структурата на готското здание.
Гаснењето на пожарот беше тешко, а се слушнаа и идеи, меѓу кои и од претседателот Доналд Трамп да се употребат бомбардери за гаснење пожар, пои што имаше и рекации на социјалните мрежи. По овие пшредлози реагираше и цивилната заштита на Париз, потсетувањ дека бомбардирање на вакво здание со големо количество на вода ножеше само да напраци уште поголема штета.
Француската и светската јавност денес изразува симпатии и ветива дека катедралата ќе биде обновена. Исто како и претседателот Емануел Макрон.
“Јас вечерва ви ветувам: Оваа катедрала повторно ќе биде изградена од сите нас. Таа веројатно е дел од судбината на Франција и ќе биде наш проект за годините кои следуваат. Јас сум посветен на ова.Почнувајќи од утре, ќе започнеме со меѓународна кампања за собирање средства за реставрација на Нотр Дам и тоа и надвор од нашите граници” – изјави францускиот Претседател, Емануел Макрон.
Градот Париз веќе деблокира 50 милиони, а две богати семејства Пино и Бернар Арно деблокираа по 100 и 200 милиони евра, се мобилизираат и фудвалерите, верниците, споствеиците на шуми ветија по еден даб за Нотр-Дам, а од Стразбур Доналд Туск испрати повик за солидсарност до сите земји членки на ЕУ, да придонесат за реконструкцијата на катедратлата, не поради тоа што Франција не може самата, но она што е во прашање овде е повеќе од само материјална помош.
Тони Гламчевски
