ФРАНЦИЈА

Макрон: Катедралата ќе биде обновена за пет години

17.04.2019 14:05

Францускиот претседател планира да се обнови изгорениот дел од катедралата Нотр Дам до летните олимписки игри во 2024 година... Парична донација најавуваат и повлијателните личности и компании во Франција.... По трагедијата во Париз, се зголеми продажбата на романот на францускиот писател Виктор Иго „Богородичната црква во Париз“.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон тврди дека катедралата Нотр Дам ќе биде обновена во рок од пет години. Експертите прогнозираат многу подолг период за реконструкција бидејќи пожарот предизвика огромна штета на историскиот споменик стар 856 години, едно од најзначајните обележја на Париз. Министерството за култура префрла дел од предметите во музејот „Лувр“, вклучувајќи ја и круната од трње што ја носел Исус Христос пред распнувањето. Уметничките слики ќе бидат отстранети викендов. Парична донација за обнова на Нотр Дам најавуваат повлијателните личности и компании во Франција.

Кристоф Жерард - Заменик- градоначалник на Париз

Нема да зборувам за пари. Знаеме што е зачувано. Поголемиот дел од Нотр Дам е спасен.

Властите засега го третирааат инцидентот како несреќен случај. Во гаснењето на огнот учествуваа 400 пожарникари, кои по деветчасовна операција го ставија пожарот под контрола, а потоа и целосно го изгаснаа.

Луѓето купуваат слики за да се потсетат каква беше катедралата.

Ова е уметничко дело. Не може туку така да реизградите 856 години историја.

Ќе биде потребно многу време. Револтирани се и оние кои дошле да ја посетат катедралата. За среќа, нема повредени.

Во знак на солидарност со Париз, највисоките облакодери во Њујорк беа осветлени во боите на француското знаме. Од компанијата „Амазон“ пријавиле зголемена продажба на делото на францускиот писател Виктор Иго „Богородичната црква во Париз“. Нотр Дам е дел од списокот на светското наследство на УНЕСКО и секоја година ја посетуваат 14 милиони луѓе.