Титулите за Цибулкова и за Димитров
Словачката Доминика Цибулкова и Бугаринот Григор Димитров се победници на АТП/ВТА тениските турнири во Акапулко.
Првата носителка Цибулкова во завршниот меч ја совлада Американката Кристина МекХејл со 7-6, 4-6 и 6-4 по сетови, со што ја освои четвртата титула во кариерата. Во досегашните десет финалиња, таа има и шест порази.
„Порано за мене овој натпревар беше подготовка за поголемите турнири, но сега ми е еден од омилените“, изјави Словачката, задоволна што од оваа година тој се игра на тврда подлога. За МекХејл ова беше прв настап во една ВТА-финале.

Маратон во три сета се играше и во машкото финале. По тричасовна борба, Димитров беше поуспешен од Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 7-6, 3-6 и 7-6 по сетови. За 22-годишниот Бугарин ова беше втор турнирски успех во кариерата, по оној во Стокхолм минатата година.
„Вербата е единственото нешто што ме одржа. Не мислев дека ќе успеам во овој меч, по претходниот меч“, изјави Димитров, откако првиот и третиот сет во неизвесниот двобој ги доби во тај-брејк. Претходната вечер потроши многу енергија, победувајќи го Енди Мареј во полуфиналето.
Оваа недела, веќе в четврток почнува Мастерс 1000 Серијата, со турнирот во Индијан Велс. И годинава возбудувањата од натпреварите на најдобрите светски тенисери ќе ги следите на програмите на МТВ. Преносите ќе почнат од понеделник, 9 март.