ДИК

ДИК треба да го предаде изборниот материјал

17.04.2019 14:16

ДИК најдоцна денеска треба да го предаде изборниот материјал за претседателските избори и предвремените лоакани во три Општини..

Според роковникот на комисијата, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот за определување на изборите. Денеска на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор можат да се пријават до општинските изборни комисии. Тие, како и болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено-поправните установи гласаат на 20 април, ден пред одржувањето на изборите. Тогаш гласаат и избирачите кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство. Денеска во ДИК во периодот од 7 до 19 часот гласаат членовите на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва.