79% од споровите завршиле со спогодба
За само две години од 1364 предмети во регистарот на ресорот за правда, по пат на медијација, со вонсудска спогодба завршиле 79% , односно 1079 спорови.

Од Комората на медијатори велат дека работните спорови 100% завршувале успешно со нивно посредување, додека кај стопанските успешноста надминува третина.
Славе Младеновски –претседател на Комората на медијатори
,,Македонското општество може да го намали степеност на поделеност по сите основи ако споровите се решаваат со медијација. Ако страните што се во спор, со помош на медијаторот продолжат да соработуваат и ако успеат да градат партнерски односи со решен спор во постапка на медијација.“
Медијацијата како алтернативна алатка за решавање на спорови не е доволно искоритена од бизнис-заедницата, сметаат од Сојузот на стопански комори и затоа треба да се користат добрите искуства на Холандија и на другите земји.
Данела Арсовска-претседател на Сојузот на сопански комори
,,Бенефитот од медијацијата не го гледаме само во тоа дека самата постапка трае пократко и дека трошоците за неа се помали од судското докажување .Сметам дека најголемата вредност која што медијацијата ја има е таа да страните излезат од спорот повторно како соработници , пријатели, како што биле и до моментот на настанување на спорот.“
Секогаш сите не прашуваат колку случаи за медијација имаме, а јас секогаш велам дека ги има малку, вели претседателот на Здружението на медијатори на Југоисточна Европа и на Хрватска Стипе Шола.Според него потенцијалот на медијацијата е толку голем што многумина не успеваат да го согледаат.
Стипе Шола-претседател на Здружението на медијатори на Југоисточна Европа и на Хрватска
,,Нашите искуства покажуваат дека 75% од споровите што доаѓаат кај нас, за решавање по пат на медијација се решени успешно. 25% не успеваме да ги решиме и некои од нив бараат судска одлука“.
Холандија им помага на земјите од Западен Балкан да градат капацитети за успешно користење на медијацијата, порача амбасадорот Воутер Пломп на Конференцијата ,,Медијацијата и бизнисот“ .На овој начин се поддржуваат реформите во судството и се помага за враќање на довербата во правосудниот систем, појаснува амбасадорот.
Свето Николовски
