ПАРИ

Поддршка за земјоделски саеми и манифестации

19.04.2019 10:52

Земјоделските здруженија, локалните самоуправи, коморите и задругите можат да побараат поддршка од министерството за земјоделство за организирање на саеми и саемски манифестации. Максималниот износ по корисник и по манифестација е до 120 000 денари, а аплицирањето е до 31 мај.

За промоција на земјоделски производи  и на руралниот развој на организаторите им следува финансиска поддршка.

Средствата се наменети  за организирање на значајни настани, саеми и саемски манифестаци предвидени со годишните програма на заинтересираните субјекти, односно оваа поддршка ќе може да ја користат земјоделските здруженија, општините, задругите и стопанските комори.

Максималниот износ по корисник и по манифестација е најмногу до 2 000 евра и се однесува на покривање на дел од технички трошоците.

Парите можат да се искористат за закуп на изложбен простор, изнајмување на штандови и опрема, за изработка на промотивен материјал и за трошоци за изложените производи.

Исплатата се врши по потпишување на договор во висина од 100 проценти од износот на прифатливите трошоци.

Заинтересираните  аликацијата и потребната документација треба да ја доставот до министерството за земјоделство најдоцна до 31 мај 2019 година.