ВМРЕЖУВАЊЕ

Вмрежување на домашни и странски фирми

22.04.2019 17:48

За неполни три месеци над 300 македонски мали и средни компании се поврзани преку првата бесплатна мобилна апликација за вмрежување со странски бизнис-партнери.

Ова е практично прва ваква алатка во регионот, директно поврзана со Европската  мрежа на претпријатија. Апликацијата е дел од проектот за јакнење на капацитетите  на домашните мали и средни фирми, со подобрена поддршка за иновации, кофинансиран од  ЕУ.

проф.д-р Виктор Стојмановски-Машински факултет Скопје

,,Сакаме да се зголеми трансферот на технологии кај малите и средни претпријатија и сакаме да се зголемат научно истражувачките проекти ,бидеејќи тоа ќе биде најдобар двигател за иновациите во тој сегмент во земјава.Работиме во рамките на капацитетите на малите и средни претпријатија .Ние не можеме да го подигнуваме нивниот капацитет .Она што ние можеме да го направиме е оние што се подготвени за соработка да им пронајдеме одредени канали за  да таа соработка ја остварат.“

Засега само 5% од домашните компании се извозно ориентирани и претежно тоа се големите фирми.Затоа европската мрежа е ориентирана кон вмрежување на малите и на средните компании кои што располагаат со ограничени ресурси за истражување на странските пазари. Засега најзаинтересирани  за вмрежување со европски партнери се компаниите од неколку сектори.

Александар Филипоски-Фондација за менаџмент и ииндустриско истражување-МИР фондација-Скопје

,,Информатичко технолошката,металопреработувачката индустрија .Истотака има и компании кои што се бават со текстилот, од модната индустрија.Така што има  профили на компании од повеќе индустриски сектори.“

Со мрежата се добиваат информации и за различни настани за поврзување со европски компании, како и за отворени јавни повици. Таа располага со повеќе од 50 илјади профили на фирми од многу земји, што треба да ги олесни пребарувањето и барањето соодветен партнер за соработка за домашните мали и средни фирми.

 Свето Николовски