АРИЗОНА

Вонредна состојба во Јума поради мигрантите

23.04.2019 13:57

Ариозна прогласи вонредна состојба поради драстично зголемениот број мигранти од централна Америка.. Владата во Вашингтон ја прекина помошта за Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас, обвинувајќи ги нивните власти за намерно формирање на карвани..

Вонредна состојба во Аризона поради масовен мигрантски бран. Градоначалникот на Јума Даглас Николс бара помош од сојузната земја, но и од федералните власти. Најголем број дојденци се семејства од Централна Америка кои треба да бидат сместени во само едно засолниште во градот. Од октомври лани до март годинава, пристигнале над 24 илјади семејства, односно речиси трипати повеќе од истиот период во 2018 година. Оние кои се обидуваат илегално да влезат, завршуваат во притвор. Меѓу нив има и деца.

Даглас Николс - Градоначалник на Јума, Аризона

Ова е како кога доаѓа ураган, а вие не сте подготвени.  Буквално исто.

Џастин Калинџер - Офицер на Гранична полиција

Луѓето не је разбираат кризата. Таа постои. Уште не стигнала во нивната заедница, но ќе стигне.

Владата во Вашингтон ја прекина помошта за Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас откако претседателот Доналд Трамп ги обвини лидерите на овие земји дека намерно праќаат мигранти во САД кои потоа формираат карвани од илјадници луѓе. Од Белата куќа се заканија и дека целосно ќе ја затворат границата со Мексико.

Според критичарите на политиката на Трамп, Вашингтон веројатно создава вештачка криза за да ги оправда мерките кои ги презеде против мигрантите. Поддржувачите на претседателот тврдат дека системот им е преполн, така што луѓето од Централна Америка мора да бараат спас на друго место.

Иако неговата администрација постојано предупредуваше дека состојбата на најфреквентните премини е критична, британски „Гардијан“ известува дека со месеци биле празни притворните центри.