Светскиот шампион Ѓорѓиев во голем стил продолжува да жнее злато

03.03.2014 12:40

Во дисциплината кик лајт категорија - 79 килограми, двојниот светски шампион оствари три убедливи победи со по 3:0, и на доминантен начин го освои златниот медал...

Димитар Ѓорѓиев го освои златниот медал на Европскиот куп во кик бокс „Белград Опен“ кој се одржа во главниот град на Србија, во текот на изминатиот викенд. Во дисциплината кик лајт категорија - 79 килограми, двојниот светски шампион оствари три убедливи победи со по 3:0, и на доминантен начин го освои златниот медал. Во првото коло го совлада Бугаринот Васил Тошев Симов, во полуфиналето Србинот Андрија Босиќ, а во финалето нашиот најдобар кик боксер совлада уште еден домашен натпреварувач, Александар Менковиќ.

Покрај Ѓорѓиев, медал освои уште и Арџент Узеири во категорија -84 килограми, кој најпрвин го совлада Милош Ковачевиќ од Србија, а во полуфиналето загуби од неговиот сонародник Милутин Николиќ. Единствениот македонски репрезентативец во К1 Мики Ивановски, во контроверзен меч загуби од српскиот претставник Никола Стошиќ.

На Европскиот куп настапија над 200 натпреварувачи од 8 земји, кои се натпреваруваа во наведените две дисциплини.