До 31 мај корекција на годишните даночни пријави
24.04.2019 10:35
30 април е крајниот рок до кога УЈП треба да ја испрати прет-пополнетата годишна даночна пријава за персонален данок на доход за 2018-та до граѓаните.. Доставувањето е во тек..

Регистрираните даночни обврзници- физички лица, преку своите кориснички профили можат да извршат увид.. Граѓаните најдоцна до 31 мај може да ја потврдат или коригираат.. На 1 јуни, даночните пријави ќе добијат статус на конечни, одобрени од службено лице- потврдена или коригирана- велат одуправата..
