АГРАР

Климатските промени го менуваат земјоделството

24.04.2019 10:41

Климатските промени ги загрижуваат европските земјоделци и експерти. Фармерите од унијата се повеќе се ориентираат кон органското производство. Не само поради поголемите субвенции, туку и кон промената на културите и употребата на хибридни сорти кој се поиздржливи и приспособени и на врнежи и на суши.

Климатските промени веќе го прават неодржливо  земјоделското производство и тоа не само кај нас туку и во другите европски земји. Финските експерти, на пример порачуваат промена на културите и употреба на хибридни сорти.

Европските земјоделци се повеќе се свртени кон органско производство, за што државата дава поголема финансиска подршка, но и поради тоа што класичното одгледување е создадено да функционира во нормални услови, што сега се повеќе ги нема. Исто така на тој начин се одржува природната рамнотежа на почвата без хемиски третман и се користи хибридни семиња што имаат способнст да се приспособат и на врнежи и на суша.

Македонските експерти сметаат дека за да се справи земјоделството со климатските промени мора да се инвестира во нови системи за наводнување, но мора да се обноват на старите. Едукацијата на земјоделците е неопходна и за да се оринетираат кон органското производство.

Научниците алармираат дека во нашава земја, источниот регион  ќе биде еден од најпогодените од климатските промени.