Поддршка за растителното производство
Годинава за житните култури е обезбедена финансиска поддршка од 32,5 милиони евра. По 12 000 денари за хектар им следуваат на земјоделците кои ќе употребуваат сертифицирано семе. Другите имаат право на двојно помалку или само по 6 000 денари за хектар. Пријавувањето ќе трае до 30 мај.

Производителите на пченица, житни и индустриски култури доколку употребиле сертифициран семенски материјал ги исполнуваат условите за поддршка од 12.000 денари за хектар за минимум засеана површина од 0,5 хектари.
За површини од 5 до 50 хектари со употребен семенски материјал, на земјоделците им следуваат 14 400 денари за хектар.
За другите кои ќе сеат со обично семе, поддршката изнесува двојно помалку односно 6.000, за сончогледот и афионот 8 000, а за оризот 18 000 денари.
За нивите со големина од 10 до 50 хектари следуваат и дополнителни 5.760 денари. Услов е да се употреби сетрифициран семенски материјал и да се добијат просечни приноси повеќе од 4.000 килограми за пченица, 3.000 за другите житни култури или 1.500 килограми по хектар за сончоглед.
Поднесувањето на барањата за поддршката ќе трае до 30 мај.
