Зголемување на БДП во просек за 10%
Истражувањата недвосмислено покажале дека со влезот во ЕУ и во НАТО, новите земји-членки имале многубројни економски придобивки. БДП во просек било зголемено за 10% во однос на претходно, а биле подобрени транспарентноста и работењето на институциите, а корупцијата била намалена. Исто така, и постојните земји членки имале корист од новите членки во Унијата.

Сепак најголем предизвик било заминувањето на дел од квалитетната работна сила во постарите земји членки на ЕУ.
проф.д-р Борче Треновски-Економски факултет-Скопје
,, Што се однесува до бизнис секторот ,на едната страна има подобрување на бизнис климата,отворање на нови пазари ,зголемување на можности за внезувањље на нови технологии .Има и определени предизвици поврзани со миграција на квалитетната работна сила ,се вклучуваат нови стандарди ,нови регулативи,нови предизвици за кои бизнис секторот мора однапред соодветно да се подготви.“
Од друга страна, анализите покажале дека миграцијата прави притисок на земјите од каде што заминува работната сила и истовремено растат платите. Расте продуктивноста, а подоцна и дознаките од странство, вели Треновски. Тврди дека истражувањата покажале дека мотив за иселувањерто не се платите и економските причини.
проф.д-р Борче Треновски-Економски факултет-Скопје
,,Младите од Западен Балкан не се иселуваат поради економски причини најголем дел, туку се иселуваат поради корупција и невладеење на правото,бирократизација и политизација во општеството .Сите овие т очки се допираат кога ќе влеземе во ЕУ.“
Искуството на балтичките земји покажува дека со влезот во НАТО растот на БДП на Естонија од 6,2% за две години се зголемил на 10,2%, а во случајот на Латвија од 8,3 на 11,8% нагласи премиерот Заев во обраќањето на тркалезната маса за ,,Економските предизвици и ефекти од евроатлантските интеграции“, организирана од Институтот за стратегија и развој. Според Заев, истите придобивки ја очекуваат и нашата земја, а се огледуваат во раст на вкупните инвестиции и на кредитната активност, намалување на невработеноста и продолжување на животниот век на населението.
Свето Николовски
